Единаесеттото издание на фестивалот на нова музика ЗДРАВО МЛАДИ официјално ќе се одржи на 27 август во МКЦ парк.
„Во знак на надеж дека ќе се реваншираме со пандемијата во 2022, купените билети можете да ги искористите за 27 август и да добиете попуст од 50% на билет за следното издание на ЗДРАВО МЛАДИ. Дополнително, во продажба се пуштени еднодневни билети по 400 денари кои важат само за годинешново издание. Истите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. За рефундација на средствата пишете ни порака на социјалните мрежи или mail на [email protected]“, велат од Младинскиот културен центар.
Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки и протоколи за организирање настани во отворен простор.