Фестивалот на хуморот и сатирата „Ин Виница Веритас“ од 3 д0 7 октомври

Од:

Годинешното издание на традиционалниот меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ ќе се одржи од 3 до 7 октомври во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.

На фестивалот ќе бидат изведени неколку театарски престави, промоција на книга афоризми, а ќе бидат доделени и награди за најуспешна карикатира на годинешниот фестивал.

На денешната прес-конференција организаторот на фестивалот Домот на културата „Тошо Арсов“ и општина Виница ги соопштија наградените автори на карикатури, а ја најавија и богатата програма која следува за време на фестивалските денови.

– Годинешни добитници на наградите се автори од Австрија, Македонија и Србија. Првата награда му припадна на карикатуристот Клаус Питер од Австрија ,втората на Петар Јанков од Македноја и третата на Гошо Борковиќ од Србија. Наградите ќе бидат врачени во понеделник на 3 октомври на отворањето на фестивалот. Годинава жири комисијата работеше во состав:Мирослав Георгиевски претседател и Братислав Димитров, Кристина Атанасова Арсова и Валекс Александров, членови, информираше Славко Данев, директор на Домот на културата од Виница.

Тој информираше дека на отворањето на фестивалот ќе следи и отворање на изложба на карикатури „50 години творештво“ на Јордан поп Илиев, а ќе настапи и триото „Џентлмен“.

Во наредните четири фестивалски дена ќе настапат Народниот театар при читалиштето од градот Трјавна, Република Бугарија,  како и театарот комедија и Кумановскиот и Охридскиот театар. Ќе биде промовиран и алманахот „Македонска афористичка ризница“.

Покровител на фестивалот е Општина Финица и Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Подготвена програмата за фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“

Ана Ололовска

Вечер на македонскиот афоризам по деветти пат во Кочани

Ана Ололовска

Излезе од печат „Сатирични ѕврчки“ од Крум Николовски

Ана Ололовска

Македонската сатира збогатена со насловот ,,Сатирични мистерии” од Миле Ѓорѓијоски

А1он

„Сатирични мистерии” прва книга од македонски сатиричар објавена на странски јазик

Ана Ололовска

Утре почнува фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“