Фестивалот „Етноплоштад“ препознатлив по високите културни вредности

Од:

Андријана Јаневска, Митан проект, Љубојна, Брас фантази, Сашо Гигов-Гиш, Чалгија блуз, Монистра, Уска Кан, како и многу фолклорни ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија се дел од реномираните музички имиња и состави кои ќе настапат на двете сцени на традиционалниот 6. „Етноплоштад-фестивал“ од 28 до 30 август во Берово.

Од општина Берово, која е организатор на Фестивалот, нагласуваат дека се подготвени за исклучителното фестивалско доживување за сите вљубеници на етномузиката.

Изминатиот период „Етноплоштад“ стана препознатлив по високите културни вредности што ги презентира и досега на него настапија речиси сите наши изведувачи кои со своето творештво оставија печат користејќи ја нашата традиционална музика, како и етаблирани уметници од Бразил, Америка, Франција, Словенија, Полска, Романија, Бугарија,…

Освен концертната програма, во рамки на Фестивалот се одржува и традиционалниот саем „Малешевијата на дланка“. Шаренилото од бои и богатството на производи на многубројните штандови му дава посебен дух на целиот плоштад кој годинава ќе биде збогатен со двете сцени – традиционален фолклор и „етнофјужн“. На традиционалниот саем се нуди Малешевијата како на дланка, со ракотворби, сувенири, резби изработени во традиционален стил, волнени производи, традиционална облека, ткаенини,… На штандовите доминираат медот и млечните производи, познатото беровско сирење, еколошки сокови, оцет, џемови, подготвени по традиционални рецепти, од природни суровини.

По официјалната програма, забавата продолжува со концертите на Тони Зен, Кристина Арнаудова, Влатко Илиевски, Дрти сајд, Ептен, Штекица,…

Фестивалот е поддржан во Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром

Доделена наградата „Мето Јовановски“ на официјалното отворање филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Галичник Филм Фестивал 2024: Прогласени победниците на петтото издание