Фестивал на воена музика „Македонија силно чекори напред“

Од:

Во организација на Министерството за одбрана вечер во Домот на АРМ ќе се одржи Фестивалот на воена музика „Македонија силно чекори напред“.

Фестивалот е во рамки на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија.

Воениот оркестар ќе изведе композиции од познати домашни и странски автори и нови оригинални чекорници и маршеви кои се пристигнати на конкурсот, распишан од Министерството за одбрана.

– Целта на овој фестивал е да се збогати фондот на чекорници и маршеви од македонски автори, а ќе бидат прогласени и победнички композиции, соопшти Министерството за одбрана.

Специјален гостин на фестивалот е хорот „Св. Злата Мегленска“.

Оркестарот на Армијата на Република Македонија, кој е во состав на баталјонот за почести е единствен професионален дувачки оркестар од ваков карактер во Република Македонија. Неговите почетоци датираат од 1944 година, кога во селото Голеш, Битолско е формиран првиот Воен оркестар во рамки на седмата македонска ударна бригада.

Како дел од АРМ, изминативе години Воениот оркестар континуирано остварува соработка со локалните самоуправи при што се реализирани многубројни концерти низ општините во Република Македонија, како и повеќе самостојни концерти во главниот град. Минатата година оркестарот настапи во Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија, со што достојно ја претставува Армијата на Република Македонија и на меѓународен план.

Оркестарот на АРМ изведува различни жанрови на музика од познати домашни и странски автори како што се класична музика, поп музика, маршевска и многу други видови на дела.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори