Во рамки на 42. Мајски оперски вечери вечер во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно.
Приходот од оваа претстава ќе биде наменет за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, со што МОБ се приклучува на Одлуката на Владата за придонес на културните институции за помош за овие лица.
Премиерата на оваа познато дело кое го обработува и славниот Гете, беше на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години.
Во претставата ќе настапат Иван Момиров-Бугарија во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета ќе ја игра светската оперска дива, Инва Мула, позната на публиката ширум светот по интерпретацијата на музиката во филмот „Петтиот елемент“, Валентин е Франческо Верна-Италија, Вагнер – Драган Ампов, Зибел – Дарко Нешовски, и Марта – Марика Поповиќ.
Режисер е Марио де Карло од Италија, а диригент Оливер Балабурски.