Фаќалки за ветер во магла – изложба на Снежана Алтипармак

Од:

Вечерва, во Мобилна/ монтажна галерија, во 21 часот ќе биде отворена изложба на Снежана Алтипармак.

Делото „Фаќалки… за ветер во магла“ на Алтипармак, адаптирано во затворениот простор на монтажната галерија на Центарот за современи уметност-Скопје, претставува резултат на нејзиниот повеќегодишен интерес за инсталации кои се засноваат на движечки елементи. Истовремено, тоа е завршна фаза од нејзиното истражување за пост-дипломските студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, магистерски проект одбранет во јуни 2014 година.

„Интересирајќи се во континуитет од студиските години, за техничко-технолошкиот напредок и неговата улога во менувањето на современите општества, како и за енормното производство на индустрискиот отпад, Снежана Алтипармак истото го става во контекст на преиспитување на односот помеѓу технологијата, артифициелноста и животот кој сè повеќе зависи од неа.

Чувствувајќи го притисокот на сложените општествени структури кои ја диктираат сликата за реалноста, пренесени и врз уметничкиот свет, Снежана Алтипармак, поставувајќи си себеси низа прашања кои ги споделува низ творечкиот континуитет, се наоѓа пред дилема околу ефективноста на метафората конструирана низ формите и механизмите кои ги конципира и проектира. Тоа може да се протолкува и како обид за излегување од востановената творечка матрица, и можеби најава за нова фаза во нејзината работа“, пишува Владимир Јанчевски во текстот за изложбата.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска