Читалната „Славко Јаневски”, вечерва во 19 часот организира одбележување на една година од отварањето.
Општина Центар со овој чин сака да потсети на важноста на постоење на вакви места во градот, во коишто граѓаните ќе можат да разменуваат содржини, со кои ќе се збогати културното живеење во градот.
– Читалната го носи името на нашиот доајен на книжевното творештво Славко Јаневски, и токму во негова чест, вечерва ќе прочитаме негова поезија, а со извадок од романот ‘Девет Керубинови векови’ ќе настапи актерката Милица Стојанова, соопштуваат од Општина Центар.
Извадокот, актерката го читала и на промоцијата на романот во 1986 година. На настанот ќе присуствуваат и членови на семејството на писателот, кои ќе и подарат книги и цртеж со автентичен текст на една песна на авторот.