Ѕвездата Изабел Ипер пристигна во Битола

Од:

Големата ѕвезда на европскиот и светскиот филм, Французинката Изабел Ипер (60) попладнево пристигна во Битола, каде вечер на затворањето на 34. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе ја прими специјалната награда „Златна камера 300“ поради особен придонес кон филмската уметност.

Ипер, информираат од „Браќа Манаки“, дојде во придружба на својата асистентка и со многу скромни барања, што доликува на големината на актерската појава која ја поседува и која е забележана од големите европски и светски режисери.

Фасцинантната Ипер, како што се наведува, вечер ќе прошета по гламурозниот црвен тепих, а во меѓувреме, уште пред да стигне во Битола, таа побара да јаде исклучиво традиционална македонска храна.

Ипер има над 100 ролји зад себе и е добитничка на 57 филмски и други награди.

Покрај неа, специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност ќе и биде врачена и на француската кинематограферка Ањес Годар.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски