Две изведби на балетот „Оревокршачка“ во МОБ

Од:

Македонската опера и балет вечер и на 2 февруари (сабота) од 20 часот ќе ја изведе балетската претстава „Оревокршачка“, која на светските сцени е меѓу најпопуларните и најизведувани дела на музика на Петар Илич Чајковски.

Улогата на Клара во вечерашната изведба ќе ја толкува Марија Кичевска-Шокаровска, а в сабота – Мими Поп Алексова-Атанасовска. Во ликот Принц ќе настапи Бобан Ковачевски, а Мала Клара ќе биде Бојана Арсовска.

Ќе учествува целиот балетски ансамбл и ученици од балетскиот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, придружени од оркестарот на Македонска опера и балет кој ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

-Овој балет е ултимативна новогодишно-божиќна бајка – мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година, соопшти МОБ во најавата на балетот.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска