Друштвото на писатели во Небрегово ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески

Од:

Пред спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово, членови на Друштвото на писатели на Македонија, денеска ќе читаат стихови и ќе говорат во чест на овој великан на нашата книжевност.

Манифестацијата е сегмент од програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ по повод 100-годишнината од неговото раѓање, што се реализира под покровителство на претседателот на Републиката и со поддршка на Владата.

На средбата ќе настапат Глигор Стојковски, Веле Смилевски, Христо Петрески, Пајо Авировиќ, Јулијана Величковска, Владимир Мартиновски, Снежана Стојчевска, Мишел Павловски, Мерсиха Исмајлоска и Соња Стојменска-Елзесер. Настанот ќе биде збогатен со музички настап на групата „Канарина и гитара“ (Петар Ренџов и Ивана Стојановска).

Средбата ќе се одржи по протоколите за организирање културен настан во време на пандемија.

Би можело да ве интересира

Објавена книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски

Во Струмица промовиран Зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“

Ана Ололовска

Промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“

Стефоска: Конески оформи национален пристап во оформувањата

Ана Ололовска

Царовска: Делото на Конески е аманет

А1он

Свечен собир на МАНУ: Чествувањето на Конески е чествување на кодот на нашата држава, нација и идентитет

Ана Ололовска