Друштвото на писатели на Македонија го распиша конкурсот за традиционалните книжевни награди

Од:

Друштвото на писатели на Македонија го распиша конкурсот за доделување на традиционалните награди на македонската писателска асоцијација за најдобри остварувања во 2018 година. Станува збор за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и наградата „Мост“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите во Македонија.

Конкурсот е отворен до 31.12.2018, а книгите до ДПМ треба да се испратат по пошта или да се достават во канцеларијата во по четири примероци. За доделување на наградите ќе решаваат жири комисии составени од петнаесет истакнати писатели, литературни критичари и есеисти. Наградите ќе бидат врачени на 13 февруари идната година на денот на формирањето на ДПМ.

Би можело да ве интересира

„Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ

Живко Грозданоски нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија

Петмина кандидати за претседател на ДПМ на Собранието на 1 јуни

ДПМ: Поради немање кворум не се одржа продолжението на Вонредното изборно собрание

Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на ДПМ

ДПМ: Поднесени четири кандидатури за претседател и две за претседател на Собранието на ДПМ