ДПМ ќе организира трибина во чест на академик Милан Ѓурчинов

Од:

По повод 90-годишнината од раѓањето на акад. Милан Ѓурчинов, Друштвото на писателите на Македонија организира трибина под наслов „Епохата на естетскиот плурализам – дебата за критиката“, во која ќе учествуваат акад. Влада Урошевиќ, акад. Али Алиу, д-р Елизабета Шелева, д-р Лидија Капушевска Дракулевска и д-р Димитрија Ристевски.

На трибината, што ќе се одржи непосредно по одбележувањето на 71-годишнина од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија, 13 февруари, претседателот на македонската писателска асоцијација Веле Смилевски на Милан Ѓурчинов ќе му предаде Повелба на ДПМ по повод неговото 60-годишно членување во оваа асоцијација.

Како есеист, критичар, книжевен историчар, теоретичар и антологичар, Милан Ѓурчинов остави силен печат во сите позначајни фази од развојот на македонската литература, во времето на книжевната конфронтација, одбраната на модернистичките тенденции и промовирањето на книжевниот плурализам, до најновите литературни процеси од 21 век.

Неговите Избрани дела објавени се во 10 тома.

Милан Ѓурчинов својот работен век го помина како професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска