ДПМ ќе ги врачи годишните награди по повод 69-тиот роденден

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска на годинашните добитници ќе им ги врачи петте награди за најдобри остварувања во 2015-та, на свечен собир по повод својот 69-ти роденден.

Годинашни лауреати се писателите: Оливера Николова која ја доби наградата „Стале Попов“ за прозната книга „Кадифената покривка“; Славе Ѓорго Димоски – награда „Ацо Шопов“ за стихозбирката „Јазичен триптихон“; Весна Мојсова-Чепишевска – награда за есеи и критика „Димитар Митрев“ за книгата „Семеен албум“; Велко Неделковски – награда за литература за деца „Ванчо Николески“ за „Златко – Златец“ и Јусуф Едип, кој доби награда  „Книжевен мост“ за најдобра книга на некој од јазиците на националностите, за стихозбирката „Прашинка“ објавена на турски и на македонски јазик.

Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година од писателите: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. Прв претседател на ДПМ бил Блаже Конески. 

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска