ДПМ ќе ги соопшти добитниците на петте годишни награди

Од:

Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги соопшти добитниците на наградите за најуспешни остварувања од издавачката продукција во минатата година.

Ќе бидат соопштени добитниците во категориите „Стале Попов“ за најдобра прозна книга, „Ацо Шопов“, за најдобра поетска книга,  „Димитар Митрев“, за најдобра книга критики и есеи, „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, и наградата „Книжевен мост“, за најдобра книга објавена на јазиците на националностите во Република Македонија.

Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени на 12 февруари, на Свечениот собир по повод 69-годишнината од формирањето на Друштвото на писателите на Македонија.

За доделување на годишните награди на ДПМ  решаваа пет жири комисии составени од академици, универзитетски професори, критичари, есеисти и автори од сите жанрови, и тоа: Милан Ѓурчинов, Оливера Ќорвезироска, Димитар Пандев, Стојан Тарапуза, Кристина Николовска, Жарко Кујунџиски, Јелена Лужина, Ресул Шабани,  Иван Чаповски, Маја Јакимовска Тошиќ, Мито Спасевски, Бранко Цветкоски, Делвина Керлуку, Кочо Топузоски и Блаже Минески.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска