ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај’

Од:

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ што се доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.

Во конкуренција ќе влезат стихозбирките објавени од 30 април минатата година до 30 април годинава. Книгите до ДПМ треба да се достават во четири примероци до 5 мај.

Наградата ќе биде врачена во јуни на свеченост во Друштвото на писателите на Македонија.

Доделувањето на ова признание е дел од активностите на Клубот на писателките-членки на ДПМ, што го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Наградата беше востановена минатата година, а прва добитничка беше поетесата Елена Пренџова за книгата „Политички коректна поезија“.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска