Добитникот на наградата за најдобар актер на Берлинскиот фестивал повторно собира старо железо

Од:

Назиф Муиќ, откако ја доби наградата „Сребрена мечка“ за најдобар актер на Берлинскиот филмски фестивал се врати во Босна и Херцеговина и продолжи да си ја врши истата работа, која беше инспирација за филмот, во кој глуми „Епизода од животот на собирачот на старо железо“ на босанскиот режисер Данис Тановиќ, пишува турскиот весник „Хуриет дејли њус“.

Неочекуваното добивање на наградата и откривањето на животот на собирачите на старо железо не го промени животот на Муиќ.

По учеството на фестивалот во Берлин, тој се врати на собирањето на старо железо на улиците, за да ги прехранува својата жена и трите деца.

– Откако стивнаа аплаузите и згаснаа рефлекторите се вратив на мојот тажен живот. Заспав како познат човек, а се разбудив како препродавач на старо железо, изјави Муиќ,  додавајќи дека некои луѓе го посоветувале да ја продаде наградата, која е изработена од сребро.

– Можам да живеам мачно, но никогаш нема да ја продадам Мечката, нагласи Муиќ.

Би можело да ве интересира

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Жена се затрча кон Анџелина Џоли, обезбедувањето веднаш реагираше

„Мала грешка“ – нова меѓународна копродукција на филм која ќе се снима во Македонија

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Предраг Петровиќ

Контроверзен филм кој беше награден во Венеција со 17-минутен аплауз

Предраг Петровиќ