Општина Велес распиша конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година, која се доделува за прозни литературни остварувања на автори од земјава, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Како што информираше денеска на прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски, право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои од јуни 2019 година до мај 2020 година објавиле прозни дела на македонски автори.
Делата треба да бидат доставени најдоцна до 1 август 2020 во три примероци на адреса: Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес, со назнака: „За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година.
Наградата „Рациново признание 2020“ ќе биде доделена на манифестацијата „Рацинови средби“ која годинава поради пандемијата ќе се одржи наесен наместо вообичаено во јуни.