Во Велес денеска почнуваат 57-те Рацинови средби

Од:

Во родниот град на Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржи програмата на 57-те Рацинови средби, која првпат почнува со Меѓународна конференција претпладнево во 10 часот.

Првата сесија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е посветена на „Седумдесет и пет години современ македонски јазик, азбука и правопис“. Програмата ќе продолжи со промоција на „Собрани драми“ од Горан Стефановски во издание на „Полица“.

На втората сесија ќе се говори за „Јазикот и стилот во творештвото на Горан Стефановски“.

Потоа ќе се одржи промоција на зборниците од меѓународните научни конференции одржани во рамките на Рациновите средби,а ќе ги промовира професорот Људмил Спасов. Организатори на овие настани се Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Советот за македонски јазик при Владата и Општина Велес како организатор на Рациновите средби.

Традиционалното положување цвеќе на спомениците на Рацин е поместено за денеска попладне во 17 часот, а ќе се одржи и Поетски перформанс со настап на членови на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес..

Во тие рамки ќе се изврши и традиционалното засадување на садници во „Шумата на Рацин“ кај Спомен костурницата од НОВ каде меѓу борците од 1979 година почива и Коста Солев Рацин.

Свеченото отворање на 57-те Рацинови средби е закажано за вечер во 18:30 во Амфитеатарот на Младинскиот парк, каде традиционалната Беседа за Рацин годинава ќе ја одржи професорот Васил Тоциновски, а потоа и Меѓународниот поетски митинг.

Програмата за првиот ден ќе биде заокружена со концерт на групата „Синтезис“ на сцената на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк, а организаторите најавуваат дека строго ќе ги почитуваат сите протоколи за заштита од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Завршија 58. Рацинови средби со доделување на признанијата на годинашните лауреати

Во Велес свечено отворени 58. Рацинови средби

Ана Ололовска

Во Велес свечено отворени 57-те Рацинови средби

А1он

Томислав Османли и Виктор Фридман се добитници на годинешното Рациново признание

Жарко Настоски

До 1 август отворен конкурсот за наградата „Рациново признание“ за 2020

Ана Ололовска

Фиктор Фридман и Јоуко Сакари Линдстет добитници на Рациново признание

Ана Ололовска