„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Од:

Претставата „Дневна доза мазохизам“ од театарската група „Пресврт“ вечер ќе биде изведена во Младинскиот културен центар (МКЦ), во рамки на 46. издание на „Млад отворен театар“ (МОТ).

-Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кој се создаваат односите меѓу луѓето и опседнатоста како пракса што се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на Пресврт, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот што се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, луѓето често се наоѓаат на крстопатот помеѓу тоа што е и тоа што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома, чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија, која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели, соопштија од МКЦ.

Билетите се достапни преку „bileti.mkc.mk“ и на билетарница во МКЦ.

Фестивалот „Млад отворен театар“ е поддржан од Град Скопје и Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Вечерва „Хинкеман“ на независниот театар Златен Елец го отвара 49. МОТ

А1он

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он

Три претстави вечерва на 46. МОТ

Ана Ололовска