Универзитетскиот професор, политиколог и поранешен амбасадор Димитар Мирчев е избран за нов редовен член на Европската академија на науки и уметности со седиште во Салцбург, Австрија.
Претседателството на Европската академија на науки и уметности со седиште во Салцбург, Австрија и нејзиниот претседател, проф. Феликс Унгер, објавија дека за нов редовен член на Академијата е избран д-р Димитар Мирчев, професор Емеритус по политички науки од Македонија и тоа во Оделот за општествени науки, право и економија.
Во Академијата досега се избрани десет члена од Македонија, како и многу познати европски научници, меѓу нив и 18 нобеловци.
Инаугурацијата на проф. Мирчев ќе се одржи на церемонијата во почетокот на март, во Салцбург.