„Девојчето со жиците“ ја збогати драмската понуда на „Охридско лето“

Од:

Театарската претстава „Девојчето со жиците“ од Марјан Неќак и Маја Хрговиќ синоќа ја збогати драмската понуда на фестивалот „Охридско лето“. Копородукциски проект на Словенечкиот народен театар СНГ Драма Љубљана и Подвижен Музички театар од Битола се одигра на отворено, на сцената Долни сарај.

„Девојчето со жиците“ е претстава за слободата, уметникот, многу други интимни теми што ги имаат луѓето. Специфичната и комплексна драма ја раскажа приказната за младата виолинистка што го бара своето место под европското небо,а го опфати и нејзиниот нерасчистен однос со таткото кој бил прв што ја спречил во остварувањето на сонот да стане голема виолинистка.

Улогите во оваа современа драмска опера ги играа Барбара Церар, Урош Фурст и Бранко Штурбеј.

Песните што беа опфатени во претставата претставуваа всушност монолози, и на интимната драма и дадоа повисоко ниво во однос на интерпретацијата.

Според режисерот и еден од авторите на театарската претстава „Девојчето со жиците“, Марјан Неќак, посебно е чувството да се игра претставата токму на фестивалот „Охридско лето“, бидејќи како што рече, концептот на самиот фестивал е театар и музика, а овој проект ги има и едното и другото.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија