Детски ликовен хепенинг во Кинотека на Макеоднија

Од:

Со ликовни творби изработени во техники со молив, туш, водени, акрилни и темперни бои, денеска се претставија дечињата од градинките во општина Карпош, на детскиот ликовен хепенинг во Кинотеката на Македонија, во организација на Детскиот ликовен центар.

Како што се наведува во соопштението на општина Карпош, професорот по ликовна уметност Харалампие Манчев на дечињата учесници на ликовниот хепенинг им доделил пофалници, а на предучилишните установи благодарници.

Манифестација, како што наведува организаторот, има за цел да се поттикнат децата од најмала возраст, да ги развијат чувствата за естетика, имагинација и концептот за уметничко изразување. Своите први ликовни експресии, малите уметници ги изложиле во галеријата на Детскиот ликовен центар, под наслов „Децата и ликовната уметност“-2016.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска