Десеттото издание на „Струмица опен фестивал“ почнува денес

Од:

Десеттото издание на „Струмица опен фестивал“ почнува вечер со настапот на Студиото за танцување „Оne way“ и ќе трае до 19-ти идниот месец, соопштија на денешната прес-конференција организаторите, Здружението „Културно забавен живот“ од Струмица.

Во пет недели е планирано одржување по четири најразлични настани од музиката, забавата, спортот, рекреацијата и филмот.

– Годинава се заокружува вреден еднодеценски ангажман со кој се анимираа огромен број луѓе од ралични генерации од нашата општина, од земјава и од странство, кои токму на „Струмица опен фестивал“ пронајдоа содржини за задоволување на нивните потреби, барања и вкусови. Убеден сум дека така ќе биде и годинава, бидејќи со малку изменет и надополнет концепт фестивалот и годинава ќе понуди исклулчителна квалитетна и шаренолика програма, која ќе ги плени срцата на нашите посетители, рече Томи Печков.

Сите содржини на „Струмица опен фестивал“ се бесплатни за посетителите, а според традицијата, музичките вечери се резервирани за крајот на манифестацијата и на нив ќе настапат исклучиво македонски групи и изведувачи.

„Струмица опен фестивал“ ќе чини околу 3 милиони денари, а средствата се обезбедени од Општина Струмица, Министерството за култура и повеќе спонзори.

Би можело да ве интересира

„Струмица-град на културата 2021“ продолжува со џез концерт „Џезна и Флет фалф“

Ана Ололовска

Концерт на учесниците на Летната школа за гитара на Струмица опен фестивал

Ана Ололовска

Со Трка на келнери почнува „Струмица опен фестивал“

Ана Ололовска

Петтото издание на „Струмица опен фестивал“ ќе се одржи од 6 до 14 август

По четврти пат од 7. до 16. август ќе се одржи „Струмица опен фест“

Ана Ололовска