Денови на македонските издавачи во ДПМ

Од:

Друштвото на писателите на Македонија во соработка со издавачките куќи од идната недела ќе организира Денови на македонските издавачи во ДПМ, во рамки на проектот за презентирање и афирмација на литературата.

– Планирано е во наредниот период во Домот на македонските писатели, на одделни средби со публиката, 27 издавачи да ги претстават своите планови и изданија преку едициите, авторите и нивните дела, соопшти ДПМ.

Друштвото наведува дека овој проект е и можност за изнаоѓање нови форми на афирмација на дејноста на издавачките куќи, кои во просториите на македонската писателска асоцијација ќе имаат јавна трибина за постигањата и за проблемите во своето работење.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска