Со проекција на наградуваната драма „Берлин Александерплац“, вечер во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека почнуваат Деновите на германски филм.
Филмските денови ќе траат до 4 септември. Влезот е слободен, а поради актуелната ситуација со Ковид-19 и важечките заштитни мерки, секој гостин постар од 18 години при влегување ќе мора да приложи доказ за извршена вакцинација со барем една доза или доказ за прележаност не постар од 45 дена.
Според програмата, утре ќе биде прикажан „Кожурец“, трогателно нежен филм за растењето и изјава за љубов кон Берлин, а на 3 септември публиката ќе може да го види „Рока го менува светот“, современа Пипи долгиот чорап-приказна за една храбра девојка.
На 4 септември е пакетот кратки неконвенционални, автентични кратки филмови „Short Export 2021“ и уште една проекција на „Берлин Александерплац“.
Организатори на Деновите се Германската амбасада и нејзините партнери, Гете Институт и Кинотека, а ќе ги отвори амбасадорката Анке Холштајн, на 1 септември во 20:00 часот.