Денови на германски филм

Од:

Од утре до 4 септември во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката во Скопје ќе се одржуваат Денови на германскиот филм.

Отворањето е резервирано за „Берлин Александерплац“, наградувана опоменувачка драма за она што се случува во нашето време и општество. На 2 септември ќе биде прикажан „Кожурец“, трогателно нежен филм за растењето и изјава за љубов кон Берлин, а на 3 септември публиката ќе може да го види „Рока го менува светот“, современа Пипи долгиот чорап-приказна за една храбра девојка.

Според програмата, на 4 септември е пакетот кратки неконвенционални, автентични кратки филмови „Short Export 2021“ и уште една проекција на .

Организатори на Деновите се Германската амбасада и нејзините партнери, Гете Институт и Кинотека.

Влезот е слободен, а поради актуелната ситуација со КОВИД и важечките заштитни мерки, секој гостин постар од 18 години при влегување ќе мора да приложи доказ за извршена вакцинација со барем една доза или доказ за прележаност не постар од 45 дена.

Деновите на германски филм ќе ги отвори амбасадорката Анке Холштајн, на 1 септември во 20:00 часот.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска