Делчевската библиотека ги додели наградите од конкурсот „Моќта на книгата во ова време-невреме“

Од:

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ги избра најдобрите творби од конкурсот „Моќта на книгата во ова денешно време-невреме“. Како што информираше директорката на билиотеката Биљана Петровска, на конкурсот учесниците учествуваа во категориите проза и поезија.

– На конкурсот имавме одлични творби и песни кои во најголем дел притигнаа од ученици од деветолетките „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“ и притоа беа доделени награди за најдобрите три творби во двете категории. Овој конкурс беше одлична можност за учениците да покажат дел од своите пишувачки способности и притоа да освојат една од наградите, за што заедно со нивните ментори им се заблагодаруваме за учеството, рече Петровска.

Маријана Стоименовска која е еден од наградените ментори, додаде дека ова е добар мотив учениците да продолжат со творење.

– Им овозможивме на нашите ученици заедно со ЈЛБ „Илинден“ да творат и во проза и поетска форма да напишат прекрасни состави. Во онлајн ова немаше да биде со толку силни емоции како денес, рече Стоименовска.

Според првонаградената Ана Ангеловскана овој конкурс се покаѓало колку книгата е значајна во овие времиња.

-Конкурсот се реализираше добро и покажавме колку книгата е значајна во ова време невреме. Јас се претставив во проза и оваа ситуација ја споредив со една книга „Чудо“, која ми остави голем впечаток. Им посакувам на сите да бидат здрави и секој да прочита по една книга, бидејки книгите не заслужуваат да останат непрочитани, рече Ангеловска.

Конкурсот „Моќта на книгата во ова време невреме“, ЈЛБ „Илинден“ го организираше во чест на Месецот на книгата.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска