„Четврток“ на Манчевски во киносалите во Германија и во Њујорк

Од:

Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан во киносалите во Германија.  По премиерата на фестивалот во Венеција, „Четврток“ е поканет да биде дел од програма на кусометражни филмови на целовечерна проекција за киногледачите во Германија. „Четврток“ ќе биде прикажан и на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк.

Филмот, кој е американска продукција со Лора Ласи во главната улога, продуциран од Арон Левин и снимен од Уна Ли, беше прикажан во Венеција како дел од програмата „Future Reloaded“ во која беа поканети значајни автори од светската кинематографија да го одбележат јубилејното 70-то издание на фестивалот со краткометражни филмови на тема „Иднината на кинематографијата“. Филмот на Манчевски беше одбележан од критиката на фестивалот, а беше прикажан и на италијанската телевизија, на RAI Cinema.

Долгометражните филмови на Манчевски „Мајки“ и „Пред дождот“ ќе бидат прикажани во Филаделфија. Двата филма ја сочинуваат специјалната програма „Македонски филмски фестивал“, организирана од Универзитетот Темпл. Авторот ќе одржи предавање и разговор со публиката. „Пред дождот“ е прикажан и на Филмски фестивал „Социјална лабораторија“ во Асти, Италија.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ