Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Од:

На денешната прес-конференција од страна на оценувачката комисија на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп се соопштија одлуките на наградените.

Во официјалната фестивалска програма на која учествуваа осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, едногласниот став и оценка на жирито во состав: Љупчо Ѓорѓиевски – режисер, Бесфорт Идризи – актер и Сотир Трајков – театарски критичар, го истакнаа следново — наградата за уметничко остварување се доделува на претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ; наградата за главна машка улога во истоимената претстава се доделува на Никола Ристановски, наградата за сценографија е доделена на сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда се доделува за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора