Четири филма од раниот творечки период на Форман на „Синедејс“

Од:

Во чест на познатиот чешки режисер Милош Форман, кој почина на 13 април годинава, филсмкиот фестивал „Синедејс“ во соработка со Амбасадата на Чешка и Чешкиот национален филмски архив ќе прикажат четири филма од раниот творечки период на Форман (1932-2018).

Филмовите ќе се прикажуваат во Џебното кино на Младинскиот културен центар со почеток во 22 часот. На 11 ноември ќе биде прикажан „Аудиција“ од 1964 година, на 13 ноември „Љубовта на една русокоса“ (1965), „Гори, гори, моја госпоѓице“ од 1967 година е на 14 ноември и „Црн Петар“, снимен во 1964-та, кој ќе биде прикажан на 16 ноември.

-Четири остварувања од раните денови на творење на овој голем филмски маг, со цел достојно да се потсетиме на неговата генијалност и неверојатен талент. Неговите филмови денес се сметаат за дел од светското филмско наследство и оставија траен белег во сеќавањето на филмската публика низ 40-те години филмско творештво, наведуваат организаторите на ретроспективата на рани филмови од познатиот режисер.

Тој е добитник на „Оскар“ за режија на филмовите „Лет над кукавичјото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“.

Милош Форман е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството поминал во дом за деца без родители.

Почнал да се занимава со снимање филмови во 1950-тите години, како еден од претставниците на т.н. златна генерација на чехословачката кинематографија. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман бил во Париз, од каде што емигрирал во САД и во 1975 година добил американско државјанство.

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Отворање на Синедејс 2022 со македонската премиера на играниот филм „Мими“

Ана Ололовска

Загревање за Cinedays – Европско патувачко кино под отворено небо

Ана Ололовска