Чествување за шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон во Паркот на поезијата во Струга

Од:

Во Паркот на поезијата во Струга денеска ќе се одржи чествување за добитникот на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата во 1990 година, шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.

Националната установа „Струшки вечери на поезијата“, соопшти дека чествувањето го организира во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија.

– По официјалните обраќања ќе бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот, стои во најавата на СВП.

На настанот, како што посочуваат, ќе присуствува сопругата на лауреатот Клементина Филипова де Хорхе Падрон и нивната ќерка Лара де Хорхе Филипова.

Хусто Хорхе Падрон бил голем пријател на Струшките вечери на поезијата, роден е на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година. 

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска