Центарот за балканска соработка – ЛОЈА отвара Француски кино клуб

Од:

Како резултат на соработката помеѓу Центарот за балканска соработка Лоја, Амбасадата на Франција, Францускиот институт и Француската Алијанса од Тетово, во петок, 3 октомври во Тетово ќе биде отворен Француски кино клуб.

Отворањето ќе се одржи во просториите на ЛОЈА Од 19,30 часот, а на отворањето ќе присуствува и амбасадорката на Франција Лоренс Ауер.

Иницијативата ќе ја поддржат и претставниците на Францускиот институт во Скопје Пред тетовската публика ќе биде прикажан филмот “Жените од шестиот кат”, во режија на Филип ле Го.

Во текот на годината еднаш месечно, во клубот ќе може да се следи репертоар на нови француски филмови. Со години нананзад, пракса на ЛОЈА беше еднаш неделно да организира проекции на филмови со години наназад со цел на љубителите на уметноста во Тетово, да им се овозможат за кино престави, кои одамна ги нема во градот. -Сите граѓани се добредојдени а за секоја проекција влезот е слободен, велат од ЛОЈА.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски