Британскиот гудачки квартет „Бонд“ на Охридско лето

Од:

Членките на светски познатиот гудачки квартет „Бонд“ вечер ќе одржат концерт на фестивалот „Охридско лето“.

По пристигнувањето во Скопје, на членките на британскиот квартет добредојде им посакаа министерската за култура Елизабета Канческа-Милеска и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, кои им приредија прошетка низ објектот на „Стариот театар“.

– Прв пат сме во Македонија и во Скопје и воодушевени сме од градот, од неговата убавина и од културата и историјата, и за тоа како театарот е реконструиран. Го очекуваме со нетрпение нашиот настап во Охрид и се надеваме дека тоа ќе биде еден од многуте кои ќе следат во Македонија, вели една од девојките.

На концертот ќе музицираат нумери од сите нивни албуми, а една ќе изведат специјално за македонската публика. Станува збор за композицијата „Александар Велики“, која е од нивниот прв издаден албум. Појаснуваат дека нумерата е на предлог на нивниот продуцент, чија сопруга е Македонка по потекло.

bond-kvartet1

Министерката Канческа-Милевска, покрај желбите за успешен настап и повторни средби со Македонија, им подари филигранска пеперутка.

Составот го сочинуваат Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело). Образованието го стекнале на најпризнатите музички институции во светот, а нивното музицирање е извореден чин на пркосење на стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Од првото деби, групата има продадено неверојатни пет милиони албуми низ целиот свет. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, елетро, индиските и стиловите од средниот исток.

Во текот на 10-годишното посетоење Бонд имаат безброј настапи на телевизии низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, на големи телевизиски шоуа, а неколку пати има и патувано на распродадени турнеи низ целиот свет. Досега имаат издадено 56 платински и 15 златни дискови низ целиот свет.

Прашани што мислат за тоа што ги споредуваат со поп составот „Спајс грлс“, велат дека тоа им годи.

– Тоа е забавно. Ние сме четири девојки кои добро се забуваат и секоја има посебен карактер, како и спајс-девојките. Работиме нешто ново, на нов иновативен начин и голем комплимент е кога ве споредуваат со Спајс грлс, бидејќи многу ни се допаѓаат, велат „Бонд“-девојките.

По Охрид, се враќаат во Лондон каде имаат закажано настапи, а подоцна, годинава треба да одржат концерти во Кина. Во моментов работат и на нивниот нов албум.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ