Борис Трајанов со концерт ќе одбележи 30 години творештво

Од:

Националниот уметник на Македонија, баритонот Борис Трајанов утревечер во Македонската опера и балет ќе го одржи својот јубилеен концерт „На Македонија со љубов“, со кој ќе одбележи 30 години уметничка дејност.

На концертот ќе бидат изведени едни од нашите најубави традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Во изборот се наоѓаат нашите бисери-„Сношти минав“, „Саноќ седам Трено“, „Си заљубив едно моме“, „Со маки сум се родил“, „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“… Публиката ќе има можност да го слушне и „Тешкото“ од балетот „Македонска повест“ на Глигор Смокварски.

Гости на концертот ќе бидат мецосопранот од Србија Јелена Влаховиќ, нашите првенци, сопранот Весна Гиновска-Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски.

Специјално за овој концерт се подготвени нови аранжмани на песните чии автори се Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти се Ивана Коцевска и Дојчин Дочев од Бугарија. Концерт мајстор ќе биде Верица Ламбевска, режисер Дејан Прошев, а диригент, гостинот од Србија Ѓорѓе Павловиќ.

Автор на сценариото за концертот е драматургот Братислав Димитров, а наратор ќе биде актерот Владо Јовановски.

Трајанов во 2008 година стана дел од Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде ја формираше и Катедрата за соло пеење. Тој е добитник на повеќе домашни и интернационални награди, а настапувал на голем број популарни сцени во светот, на 700 претстави во над 80 оперски куќи во светот.

Во својата 30-годишна кариера се стекнал со признанието „Уметник на мирот“, доделено од УНЕСКО и ја добил наградата „Оперски Оскар“ за најдобар машки оперски уметник во Грац.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска