„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Од:

Со настапот на актерите од Општинскиот театар од Ќустендил, Република Бугарија на последната фестивалска вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка беше затворено годинашното издание на фестивалот што во изминатите девет дена ја полнеше салата на Центарот за култура во „Градот на културата“.

Гостите од Бугарија настапија со хит-комедијата „Боинг Боинг“ што ја расположи публиката со актуелните комични и непредвидливи ситуации на интриги и атрактивни „стјуардеси“.

16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ ќе остане запаметено по богатата фестивалска програма од повеќе македонски театри: МНТ, Драмски театар – Скопје, НТ НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, НТ при НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, како и театрите од Балканот: ГТ „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска, НТ „Серија“, Вршац и уметничка работилница „Призор“, Белград и Драган Маца Маринковиќ, Република Србија и Општински театар, Ќустендил, Република Бугарија.

Признанието лауреат на годинашното издание му беше дозволено на познатиот македонски актер Никола Ристановски, а во рамки на фестивалската програма беше промовирана и монографијата на Гоце Ристовски, „Со театар до Балкан без граници“ посветена на 15 години театар во Крива Паланка.

Организаторите, Општина Крива Паланка и Здружението на меѓународниот театарски фестивал велат дека публиката секоја година е сѐ побројна и со нетрпение го очекува секое ново театарско издание.

Фестивалот е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Би можело да ве интересира

Почина култниот режисер Дејвид Линч

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

Во Словенија е објавена и промовирана двојазична антологија на млади македонски поети