Богдановиќ: Продолжува финансиската поддршка за двете читални, донираме книги за збогатување на книжевниот фонд

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ја посети читалната „Славко Јаневски“, кадешто донираше околу 100 нови книги.

„Сакам уште еднаш да потенцирам дека читалните не ги затвораме, како што имаше шпекулации во јавноста. Општина Центар не само што ќе продолжи финансиски да ги поддржува, туку и понатаму ќе работиме на збогатување на книжевниот фонд“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Со над 8.000 наслови, двете читални „Славко Јаневски“ и „Ацо Шопов“ се од големо значење за жителите на Центар, особено за младите кои секојдневно ги користат овие простори. Во читалните редовно се одржуваат изложби, промоции на книги и останати културни настани.

Богдановиќ денешната прилика ја искористи и за да подели нови членски карти од читалните на дел од учениците од училиштето „Гоце Делчев“ за да тие и во иднина ги користат нивните услуги.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории