Богата предновогодишна културна програма во Гевгелија

Од:

Десетина културни настани и манифестации, под покровителство на општина Гевгелија, ќе бидат презентирани во пресрет на Новогодишните празници за добро расположение на сите жители, соопштија денеска од општинската информативна служба.

Програмата почна денеска со новогодишна претстава за деца во изведба на драмското студио „Дон Кихот“ од Гевгелија, а утре во Народниот театар во Гевгелија ќе гостува кумановскиот театар со претставата „Мани,мани,мани“ во режија на Бојана Краљевска и Горан Илиќ.

На 21 декември гевгеличани ќе имаат можност да ја проследат манифетацијата „Вечер со француска музика“ со учество на ученици од основните училишта „Крсте Мисирков“ од Гевгелија и „Ристо Шуклев“ од Негорци, а Новогодишниот концерт на основното музичко училиште „Васо Карајанов“ е најавен за 25 декември.

Предновогодишни настапи најавија уште учениците од гимназијата „Јосиф Јосифовски“ и ансамблот „Бојмија“.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски