Богата фолклорна програма на Интернационалниот фестивал „Св. Јоаким Осоговски“

Од:

Фолклорни ансамбли од Македонија, Романија, Словачка, Србија, Турција, Босна и Херцеговина и Бугарија настапија синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка во рамки на третата и последна фестивалска вечер од Интернационалниот фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски“.

Пред започнувањето на официјалната програма се одржа свечено дефиле низ главната градска улица на кое продефилираа ансамблот  „Маковица“ од Свидник, Република Словачка,  фолклорна група „Лугојана“ од Лугож,  Романија, Брековица, културно-уметничкото друштво „Ново Селиште“ од Бор, Република Србија, народен фолклорен ансамбл „Шумен“, Р.Бугарија, КУД „Понос“, Брековица, Босна и Херцеговина , КУД „Младост“, Ковин, Република Србија, „Спарта“ од Турција и КУЗ „Фолклористи“ од Крива Паланка.

Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“  е дел од програмата на манифестацијата „Топол културен бран 2015“, која ја организираат општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.

На годинашното фестивалско издание настапија 13 културно – уметнички друштва и фолклорни ансамбли од седум држави.

Следен настан од „Топол културен бран“ во Крива Паланка е изложбата „Акварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија“ која ќе се одржи утре вечер со почеток во 20 часот во локалната установа Градски музеј, Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ