Блуз и соул фестивал од 20 до 22 септември во Универзална сала

Од:

Блуз и соул фестивал 2013 ќе се одржи на 20, 21 и 22 септември во Универзалната сала во Скопје.

Програмскиот селектор на Фестивалот Васја Ивановски денеска на прес-конференција истакна дека Фестивалот донел врвни светски имиња што, како што рече, им дава чувство на задоволство. Тој изрази надеж дека Фестивалот во иднина ќе се подигне на уште поголемо ниво.

Фестивалот ќе биде отворен со настап на Давид Нешкоски трио, по што ќе се претстави ѕвездата на вечерта Хенрик Фраишладер и неговиот бенд од Германија.

На втората фестивалска вечер ќе настапи една од најдобрите Чикаго блуз вокалистки Дитра Фар од САД во приддружба на Рафаел Вресниг и неговиот состав од Австрија.

На последниот ден од Фестивалот ќе настапи најновата сензација на британската блуз сцена Врџил енд Акцелерејторс.

Дваесетгодишниот гитарист Давид Нешкоски од Прилеп на прес-конференцијата рече дека блузот е неизбежен дел од неговото музицирање. Тој неодамна го издаде својот прв деби албум.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром