Битолскиот театар со премиерата „Бар Ремарк“ ќе гостува на „Охридско лето“

Од:

Ансамблот на Народниот театар-Битола почна со подготовки на претставата „Бар Ремарк“ која премиерно ќе ја изведе на 3 август на фестивалот „Охридско лето“.

Претставата е според романот „Трите воени другари“ на Ерих Марија Ремарк, во режија и адаптација на Александар Баргман, гостин од Русија.

– Повторно сум во Битола, соработката продолжува, а таа е резултат на прекрасниот театарски живот во овој град. Во претставата ангажирам поголем број актери кои го презентираат периодот по Првата светска војна и затоа ги избрав Огнен Дранговски, Катерина Аневска, Петар Мирчевски, Борис Чоревски, Јулијана Стефановска и други, вкупно 14 актери од овој театар, истакна режисерот Баргман.

Сценограф на претставата „Бар Ремарк“ е Валентин Светозарев, костимограф Благој Мицевски, а музичкиот избор е на Марјан Неќак.

Актерите на Битолскиот театар на „Охридско лето“ ќе настапат и на 31 јули кога ќе ја одиграат претставата „Сонети“.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ