„Битола Шекспир фестивал“ завршува со претставата „Крал Иби“

Од:

Култното дело „Крал Иби“ на Алфред Жари од Франција, режирано од Васил Христов ќе ја спушти завесата на најновото издание на „Битола Шекспир фестивал“.

Крал Иби е извор на многубројни теоретски и практични истражувања и мотив за градење на цели идејни движења во театарската естетика на дваесеттиот век, вулгарна гротеска која се интерпретира како авторско-режисерско-актерска дистанца и коментар за не-вредностите на современиот човек.

На последниот ден од „Битола Шекспир фестивал“ ќе настапат актерите Игор Ангелов, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Софија Куновска, Катерина Шехтанска Лаковски и други од Драмски театар-Скопје.

Во изминатите денови во Битола настапија актери од Хрватска, Италија, Романија, Шпанија и Северна Македонија кои со своите театарски ансамбли изведоа претстави фокусирани на проблемот на позицијата на жената во денешното општество преку делата на Шекспир.

Фестивалот се одржува со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

Инцидент во детска градинка во Битола

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

„Ние, луѓето“-премиера