Светски познати театри ќе бидат гости на претстојниот „Битола Шекспир фестивал“ од 19 до 26 овој месец.
Фестивалот се одржува втора година, во организација на Народниот театар од Битола. Реализацијата е поддржана од Министерството за култура.
На „Битола Шекспир фестивал“ гостуваат театри кои го негуваат творештвото на Вилијам Шекспир.