Бесплатни проекции на филмови утре и задутре во МКЦ парк

Од:

Бесплатни проекции / кино на отворено ќе се одржат утре и задутре во паркот на Младинскиот културен центар.

Како што соопштија од Младинскиот културен центар, на репертоарот утре е филмот „Portrait of a Lady on Fire“ (2019) во режија на Селин Шиама, а задутре „Everybody Knows“ (2018) во режија на Асгар Фархади. Проекциите почнуваат во 21 часот и обезбеден е превод на македонски јазик.

-Билетите се бесплатни и задолжителни, и можат да се набават преку bileti.mkc.mk. Настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита, информираат од Младинскиот културен центар.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје