Бела ноќ во Крива Паланка

Од:

Во пресрет на Денот на независност на Република Македонија- 8 септември, во Крива Паланка се организираше „Бела ноќ“. Во изложбениот простор на националната установа Центар за култура беа отворени меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ од Кратово и етно изложбата на рачните ракотворби, а беше и изведена претстава „Огнена љубов“.

– Овие настани се организирани во рамки на културниот настан „Бела ноќ“, која се одвива во сите институции од областа на културата во нашата држава. Граѓаните во наредните денови ќе имаат можност да ги погледнат ликовните творби на сликарите од детската ликовна колонија 2015 „Лазар Софијанов“, како и народните носии кои се изложени во нашата институција, изјави Александар Рангелов, директор на националната установа Центар за култура.

На изложбата беа изложени фотографии на кои беше прикажана староградксата архитектура на Кратово, а имаше уметници од Куманово, Скопје, Струмица, Велес,Виница, Соко бања.

Драмското студио при НУ Центар за култура по петти пат ја изведе претставата Огнена љубов адаптација на текстот ,,На игла” од еминентниот српски автор Владимир Ѓорѓевиќ во режија на Глигор Цветковски и изведба на младите актери од Драмското студио при НУЦК.За оваа претстава актерите добија награда Хистрионски надежи како и наградата за најдобар актер на Јордан Велковски.Освен во Србија беше прикажана и во Пробиштип, Р. Македонија

Манифестацијата „Бела ноќ“ се одвива под покровителство на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

„Бела ноќ“ во Скопје

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

A1on

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска

Бела ноќ по 16-ти пат в сабота на 10 локации

Ана Ололовска