Балканска конференција на ИМАГО во Битола

Од:

Битола е идеално место да се дискутира за заедничките проблеми, а со цел да се подобрат стандардите за филмското работење, посочи Најџел Волтерс, потпретседател на Британската асоцијација на кинематографери и редовен учесник на ИФФК „Браќа Манаки“.

На денешното свечено отворање на конференцијата на ИМАГО, Волтерс нагласи дека Балканската конференција ја исполнува целта, придонесува за подобра меѓусебна комуникација и поголемо разбирање меѓу уметниците што ги носат сликите до малите и големите екрани.

– Годинава на конференцијата говориме за авторските права, права на кинематограферите во процесите на реставрација и постпродукција, укинување на царинските давачки за да се олесни снимањето во рамки на регионот и воспоставување редовни работилници за студенти, појасни Волтерс.

ИМАГО е матична федерација на меѓународни кинематографери со 53 национални здруженија на кинематографери и над 4.300 кинематографери од целиот свет како членови.

На балканската конференција на ИМАГО која денеска почна во Битола, учествува првиот човек на ИМАГО, Пол Рене Ростад, членки на ИМАГО од Грција, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија, Турција, како делагати од Косово и Албанија.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска