Балетски триптих на 18 октомври премиерно во МОБ

Од:

Балетски триптих во кој првите две претстави „Агонија на срцето“ и „Софа“ се во кореографија на светски познатиот кореограф Ицик Галили од Израел, а третата е обнова на претставата „Песна над песните“ и е во кореографија на Сташа Зуровац од Хрватска, на 18 октомври премиерно ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет, а репризата е на 24 октомври.

Во „Агонија на срцето“ и „Софа“ музиката е на Том Вејтс и Филип Глас, а во „Песна над песните“ музиката е на Марјан Нечак.

Уметничкиот раководител на Балетот, Олга Панго, денеска на прес-конференција рече дека ќе настапат првенци, солисти и балетскиот ансамбл на МОБ.

– Го нарековме Балетски триптих, бидејќи трите претстави не се во релација една со друга, туку станува збор за модерен и современ балет и може да се најде некаква меѓусебена нитка, истакна Панго.

Во претставите настапуваат Ивана Коцевска, Бобан Ковачевски, Игор Велановски, Мирјана Поп Алексова, Саша Евтимова. Ендру Кук, Симоне Џиролети, Андреј Литвиненко, Мирослав Митрашиновиќ, Јан Кисилев..

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска