Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, со музика на Камиј Сен-Санс.
„Самсон и Далила“ е во кореографија на гостинот од Хрватска, Роналд Савковиќ, а во насловните улоги ќе настапат Ивана Коцевска и Васил Чичијашвили (Грузија).
Претставата обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.