Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“. Кореограф е Леонид Лавровски од Русија, а Оркестарот на МОБ ќе го води Бисера Чадловска.
Насловната улога ќе ја толкува примабалерината Александра Мијалкова. Солисти ќе бидат и Васил Чичијашвили од Грузија, Дојчин Дочев од Бугарија, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Јан Кисилев, а ќе настапи балетскиот ансамбл на МОБ.
Балетот „Жизел“ бил праизведен во Париз во 1841 година и е меѓу ретките балети со непрекината традиција на изведување.