Балетот „Оревокршачка“ викендов во МОБ

Од:

Македонската опера и балет викендов (денеска и утре од 12 часот) ќе ја изведе популарната балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски. Кореограф е Василиј Иванович Ваинонен од Русија, сценограф е неговиот сонародник Анатолиј Нежњи, а костимограф е Љупка Ристовска.

Во главната улога на „Оревокршачка“ ќе настапат првенките на МОБ – Мими Поп Алексова-Атанасовска денеска и Ивана Коцевска во утрешната изведба. Нивни партнер ќе биде Дојчин Дочев од Бугарија. Настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

– Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман дејството го поврзал со празнувањето на Нова година. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го напишал либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела на сите светски сцени по повод новогодишните и божикните празници. Бидејќи е популарна и сакана од младата публика, нашите две претстави се закажани во матине термини, односно во 12 часот, информира МОБ.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска