Балетот „Александар Трети Македонски“ на „Скопско лето“

Од:

Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Македонската опера и балет ќе биде изведен балетот во два чина „Александар Трети Македонски“ по музика на композиторот Љубомир Бранѓолица.

Во насловната улога ќе биде Јован Веселиновиќ од Србија,   во ликот на Роксана ќе настапи Александра Мијалкова, а Олимпија ќе ја игра Ивана Коцевска. Оркестарот на МОБ ќе го води диригентот  Борјан Цанев.

Ова музичко-сценско дело премиерно беше изведено во април, за затворањето на  36. Денови на македонска музика.

Во галеријата на НЛБ Тутунска банка, пак, од 21 часот ќе биде отворена изложбата „Во рамките” на Мултимедија центар Гевгелија, на која 19 уметници ќе ги претстават своите дела.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска